Спасена свињарската фарма од пожарот кај штипското село Пиперово
- Спасена е свињарската фарма од огнените јазици кои се приближуваа до објектот, вели за МИА командирот на ТППЕ- Штип, Дарко Коцев.

Штип, 3 септември 2023 (МИА) - Спасена е свињарската фарма од огнените јазици кои се приближуваа до објектот, вели за МИА командирот на ТППЕ- Штип, Дарко Коцев.
Во гаснењето на пожарот ангажирани се 15 пожарникари и четири возила, а од воздух дејствува и полицискиот хеликоптер.
Коцев посочи дека сега се гаси шума. Според негова проценка зафатени се околу 150 хектари. На терен остануваат до локализирање на пожарот, кој е во атарот на штипското село Пиперово.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информира дека бидејки пожарот е во близина на браната Мантово, хеликоптерот на МВР направи повеќе успешни и прецизни налети. вдј/вг/
Фото: МИА