Спалети ќе разговара за својата иднина во репрезентацијата на Италија
- По поразот од Норвешка (0:3) во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година, селекторот на Италија, Лучијано Спалети, има намера да разговара со претседателот на националната федерација, Габриеле Гравина за својата иднина во репрезентацијата.
Осло, 7 јуни 2025 (МИА) – По поразот од Норвешка (0:3) во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година, селекторот на Италија, Лучијано Спалети, има намера да разговара со претседателот на националната федерација, Габриеле Гравина за својата иднина во репрезентацијата.
- Тој ми даде можност да станам селектор и секогаш ќе му бидам благодарен за тоа, а понатаму тој може да прави што ќе одлучи. Во моментов треба да размислувам за следниот натпревар, а потоа ќе разговарам со Гравина за мојата иднина на селекторската позиција, изјави Спалети за „Sky Sport“.
Италија, која го одигра својот прв натпревар од квалификацискиот турнир за Светското првенство во 2026 година, е на четвртото место во И-групата.
На 9 јуни, Италијанците ќе играат против Молдавија на домашен терен.
Репрезентацијата на Италија го пропушти Светското првенство во 2022 година по поразот од Македонија во полуфиналето во баражот.
Договорот на Спалети со италијанската репрезентација важи до 31 јули 2026 година. Тој е на чело на репрезентацијата од 1 септември 2023 година. зс/
Фото: ЕПА