Спалети: Нема да се задоволиме со еден бод на натпреварот со Белгија
- Селекторот на Италија, Лучијано Спалети очекува победа во натпреварот од Лигата на нации против Белгија.

Брисел, 13 ноември 2024 (МИА) - Селекторот на Италија, Лучијано Спалети очекува победа во натпреварот од Лигата на нации против Белгија.
- Одиме во Белгија за да победиме, нема да се задоволиме со еден бод. Треба да имаме правилен начин на размислување и да не земаме ништо здраво за готово, изјави Спалети за сајтот на УЕФА.
Натпреварот Белгија - Италија ќе се одигра утре (14 ноември) со почеток во 20:45 часот.
По четири кола во групата 2 од Дивизија-А, водат Италијанците со 10 бода. Белгијците се на 3. место со 4 бода. зс/
Фото: ЕПА