• понеделник, 23 декември 2024

Спалети му се извини на новинарот за грубата забелешка на прес-конференција

Спалети му се извини на новинарот за грубата забелешка на прес-конференција

Берлин, 26 јуни 2024 (МИА) - Селекторот на Италија, Лучијано Спалети му се извини на новинарот за неговата груба изјава.

На прес-конференцијата по ремито (1:1) со Хрватска во понеделникот, новинарот на Радио 24, Дарио Ричи, праша дали стартниот состав е резултат на договор меѓу селекторот и тимот.

Спалети беше огорчен на ова прашање и одговори: „Колку години имаш? 51? Имаш уште 14 години да се дојдеш до мојата возраст, јас имам 65 години“.

Ричи подоцна објави дека Спалети му се јавил и му се извинил. 

Во решавањето на ситуацијата учествуваше претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан