• среда, 25 декември 2024

Во Градскиот парк најмладите учеа како да се штеди

Во Градскиот парк најмладите учеа како да се штеди

Скопје, 31 октомври 2023 (МИА) - Преку игра и забава, денеска по повод Светскиот ден на штедењето, децата имаа можност да се запознаат со финансиските термини и со начините на штедење.

 „Среќата е во малите чекори“ е мотото под кое денеска „Халк банка“ организираше настан за најмалите во Градскиот парк во Скопје. На настанот децата преку игра и забава учеа што значи штедењето и кои се начините за заштеда.

Главен лик на настанот беше слончето  Халки кое и денеска, во Градскиот парк ги забавуваше децата. Целта на настанот е да се создаде навика за штедење уште од мали нозе.  

Програмата започна во 13 часот со отворена детска работилници на тема „Среќата е во малите чекори“ по што следуваше музички блок со најголемиот другар на децата, слончето Халки, а во 16 часот е закажана промоција на „Букварот на Халки“. 

Станува збор за креативно решение во кое преку азбуката дефинирани се финансиски поими низ слики, многу бои и забавни содржини.

Караванот на Халки веќе ги помина градовите Гевгелија, Битола и Куманово каде ученици од основните училишта имаа прилика заедно со Халки да се запознаат со финансиските поими. сан/бак/

 

Фото: МИА

 

Остани поврзан