• вторник, 24 декември 2024

Со филмови за Скопје завршува 2. „Скопски поетски фестивал“

Со филмови за Скопје завршува 2. „Скопски поетски фестивал“
Скопје, 1 септември 2022 (МИА) - Со настанот „Стиховно мапирање на Скопје“ ‒ видеопроекција на 12 поетски филмови, што ќе бидат прикажани вечер во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 21 часот, официјално ќе заврши второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“. Филмовите се изработени од Сандра Ѓоргиева, Марија Шаклева, Диме Данов и Валентина Бакти (Србија), врз основа на песни за Скопје од поетите: Блаже Конески, Анте Поповски, Радован Павловски, Владимир Мартиновски, Васко Марковски, Исток Улчар, Биљана Стојановска, Ана Голејшка Џикова, Јулијана Величковска, Ивана Јовановска, Ѓоко Здравески и Андреј Ал-Асади. Претходно, со почеток во 18 часот на истата локација, на темата „Урбана поезија“ ќе се одржи работилница за креативно пишување поезија за млади на која ќе говорат Сергеј Тимофеев од Латвија, Радмила Петровиќ од Србија и Владимир Мартиновски. Посетителите уште денеска ќе имаат можност да ја видат и изложбата на колажи за Скопје од Валентина Бакти (Србија) ‒ „Сум страдал, ама убаво ми било“, што беше отворена на 29 август во „Буква“. Влада Урошевиќ, Владимир Мартиновски, Радмила Петровиќ од Србија и Сергеј Тимофеев од Летонија, пак, синоќа настапија на интернационалната вечер на фестивалот, а вечерта заврши со кусиот поетско-музички перформанс на Пијан Славеј. Фестивалот е поддржан од Град Скопје, од Младинскиот културен центар ‒ Скопје, од кафе-книжарница „Буква“ и винарница „Стоби“.са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан