• четврток, 26 декември 2024

Со средби во општинските организации во Ѓорче Петров и Аеродром продолжуваат активностите на терен на Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ

Со средби во општинските организации во Ѓорче Петров и Аеродром продолжуваат активностите на терен на Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ

Скопје, 19 јуни 2024

„Дискусијата со нашите членови во Ѓорче и Аеродром се моќен потсетник за потребата од транспарентност и отчетност во нашата партија. Се заборави на потребите на луѓето. Функционерите зборуваат, а ништо не слушаат. Да не ја заборавиме 2021 година кога на луѓето им беше наредено кој ќе биде нов претседател на СДСМ. Во партија која е основана на слободарски традиции не смее да има таков диктат, ниту страв. На тоа мора да се стави крај. Нема да дозволиме повторно „готово“ решение за претседател на СДСМ.

Доволно научивме од искуството со Ковачевски од 2021. На 30 јуни решаваме за радикален прекин и еден нов почеток“ рече Деспотовски.

Присутните отворено зборуваа за сите наталожени проблеми и разочарувања и дадоа конструктивни предлози за тоа како да се движи партијата во иднина. „Само вака зборувајќи отворено може да дојдеме до вистинските решенија. Ваквите дискусии, каде се слушаме, се критикуваме, зборуваме отворено, предлагаме се клучни за нашето повторно раѓање како моќна политичка сила,“ порача Деспотовски.

Дел од присутните ја истакнаа и потребата да се избере тим во кој ќе има соодветна застапеност и уддел и на општинските организации односно на сите изборни единици. Една од клучните реформи во програмата е и воведување на мерит систем за сите избрани партиски функционери. Учинокот и успешноста на вршењето на функцијата претседател на СДСМ и на сите останати лидерски функции ќе се мери преку реални и практични остварувања на резултати, согласно поставените цели. Преку модел на управувањето со учинок, поставување јасни цели и обезбедување редовни повратни информации за секој член за да ни помогне да ги постигнеме нашите цели.

Целта е преку управувањето со учинокот да ги максимизираме индивидуалните постигнувања на секој член во партијата, да креираме соработка, а преку редовни повратни информации да влијаеме на развојот на луѓето и организацијата, стои во програмата Нов почеток, нов СДСМ.

Јован Деспотовски

СДСМ

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива
 

 
 
 

 

 

Остани поврзан