• понеделник, 23 декември 2024

Со поддршка на ФИТР изработена софтверска платформа за паметно планирање на градежни објекти

Со поддршка на ФИТР изработена софтверска платформа за паметно планирање на градежни објекти

Скопје, 27 март 2024 (МИА) - Брзо и паметно планирање на капитални градежни објекти, е една од функционалностите на софтверската платформа Ана-Ли за дигитализација на клучните бизнис процеси и унапредување на работење на компаниите од  градежништвото, што беше презентирана денеска, а е поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

-Апликацијата е наменета за институции, инвеститори, инжинеринг фирми, како и помош во комуникација меѓу проект менаџери, градежни инженери, проектанти, раководители на објекти, надзорни инженери со цел навремено идентификување на евентуалните недостатоци и доцнења  во изведбата како и следење и планирање на трошоци и финансискиот тек во процес на изградба,  рече на презентацијата Катерина Јакова Лазарова од стручниот тим на проектот. 

Таа посочи дека апликацијата е единствена од ваков тип на македонскиот пазар, а покрај за брзо и паметно планирање на капитални градежни објекти помага при откривање на ризиците во текот на градба, на вработените и на менџаментот за донесување правилни одлуки во вистинско време  и за имплементација на стандарди.

Со апликацијата се овозможува формирање на избор на буџет што е потребен за изведба на објектот, како и пресметка на времетраењето. 

-Ако самата изведба има доцнење повлекува плаќање пенали и затоа е важно точно и прецизно да се утврди датумот за завршување на проектот којшто ќе биде во согласност со договорот, укажа Весна Јорданова од стручниот тим.

Придобивки од пресметката на времето, како што рече, се и прецизни временски рамки за почнување и завршување на градежниот проект, планирање и алоцирање на ресурси (материјали,  машини и работници) и на финансиски средства, идентификување на можни ризик фактори во тек на изведба, како и добивање прецизни информации за напредокот. лв/бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан