Со повеќе настани ќе биде одбележана 146-годишнината од Разловечкото востание
- Во Делчево во тек е пријавувањето за планинарскиот марш кој во недела ќе се одржи по повод одбележувањето на 146-годишнината од Разловечкото востание. По повод значајниот датум, Општина Делче
Делчево, 19 мај 2022 (МИА) - Во Делчево во тек е пријавувањето за планинарскиот марш кој во недела ќе се одржи по повод одбележувањето на 146-годишнината од Разловечкото востание. По повод значајниот датум, Општина Делчево во партнерство со Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ и Министерството за култура денеска организира пригодна свеченост во село Разловци.
-Програмата и годинава се реализира под мотото „Делчево го чествува аманетот“ во дворот на црквата „Св.цар Константин и царица Елена“. Настанот ќе започне со положување цвеќе пред спомен-плочата на поп Стојан, по што ќе следува културно-уметничка програма, информираа од Општината.
Оттаму упатија покана до сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани да присуствуваат на настанот и да положат цвеќе пред спомен-плочата на поп Стојан.
-За традиционалниот планинарски марш посветен на 146-годишнината од Разловечкото востание кој ќе се одржи в недела, своето присуство заинтересираните да го потврдат најдоцна до 20.05.2022 на телефон 033/411-550 (Општина Делчево) и 070/605-137 кај Љупчо Чучуковски (ПСК „Голак“ Делчево), додадоа од Општината.
Планинарскиот марш е со релација село Тработивиште - брана Лошана-Разловци и е во должина од седум километри со лесна рекреативна патека. Според планираната програма, зборното место за планинарите е паркинг на спомен-дом АСНОМ во 8 часот на 22 мај, од каде ќе биде организиран превоз до село Тработивиште. вс/мд/