• понеделник, 22 јули 2024

Со писмена понуда, Алијанса за Албанците нуди коалиција на Беса и Алтернатива

Со писмена понуда, Алијанса за Албанците нуди коалиција на Беса и Алтернатива
Тетово, 3 февруари 2020 (МИА) - Алијанса за Албанците ќе прати писмена понуда до партиите Беса и Алтернатива со цел да ги повика на предизборна коалиција, најави вечерва по завршуавњето на Централното претседателтво, партискиот лидер Зијадин Села. Тој истакна дека оваа понуда е всушност стар договор. -Ова е став кој датира од вториот круг на локалните избори кога сме пружиле рака и сме се договориле дека кога и да има нови изборите влегуваме заедно во коалиција со таа политичка партија со која тогаш коалициравме, а за жал сега е поделна на две партии. За нас дадениот збор е важен поради конзинстентноста и сериозноста и пред граѓантие, не е за лични потребни туку за јавен интерес. Да донесеме демократија во албанското општество во Северна Македонија , бидејќи тоа ни фали веќе 18 години со оглед дека живееме во политичкји монизам, изјави Села. Алијансата за Албанците ќе чека 48 часа на одговор на писмената понуда. ас/бк/

Остани поврзан