Со „пајак“ отстранети 155 возила минатата недела во општина Центар
- Како што се додава во соопштението, претпријатието и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка, со цел да се доведат во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општината.

Скопје, 16 декември 2024 (МИА) - Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Сообраќајната полиција - Скопје од 9 до 15 декември, со специјалните возила „пајак“ отстранија 155 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат утрово од ова претпријатие.
Како што се додава во соопштението, претпријатието и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка, со цел да се доведат во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општината. бд/са/
Фото: Јавно претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“