• вторник, 24 декември 2024

Со нож избоден гувернерот на рускиот арктички регион Мурманск

Со нож избоден гувернерот на рускиот арктички регион Мурманск

Москва, 5 април 2024 (МИА) - Непознат напаѓач го избодел со нож гувернерот на руската арктичка област Мурманск, ранувајќи го во стомакот, откако тој одржал состанок со жителите на регионот во четвртокот, објавија руските агенции, повикувајќи се на прес-службата на гувернерот.

Како што е наведено, мажот му се обратил на гувернерот Андреј Чибис додека заминувал од состанокот во локалната градска куќа Апатитија, јужно од северното пристаниште Мурманск.

„Имаше вооружен напад и тој се здоби со рана со нож во пределот на стомакот. Напаѓачот е приведен. Гувернерот моментално е на операција. Тој е свесен и самиот стигнал до својот автомобил“, соопшти прес-службата на гувернерот.

Нема информации за можниот мотив за нападот.

Вооружен напад врз јавен службеник е релативно ретка појава во Русија, особено во арктичкиот регион како Мурманск, на околу 1.500 километри северно од Москва. паг/

Фото: МИА архива

 

 
 

Остани поврзан