Со концерт на Полифонија почнуваат „Есенски музички свечености“
- Со концерт на Полифонија насловен „20 години Полифонија“, што ќе се одржи вечер во Националната опера и балет, ќе започне годинашното издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“.

Скопје, 1 ноември 2023 (МИА) - Со концерт на Полифонија насловен „20 години Полифонија“, што ќе се одржи вечер во Националната опера и балет, ќе започне годинашното издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“.
Како што најавија од Дирекцијата за култура и уметност, диригент на концертот ќе биде Иван Еминовиќ, а гости солисти ќе бидат Горан Начевски, Александра Коцевска и Raffaele D'angelo од Потенца, Италија.
Солисти од Полифонија се Сања Шуплевска, Јанинка Невчева, Орце Ицковски, Михајло Михајловски и Денис Димовски.бт/са/