• сабота, 06 декември 2025

Со две фотонапонски централи Општина Струмица ќе биде енергетски независна

Со две фотонапонски централи Општина Струмица ќе биде енергетски независна

Струмица, 25 април 2023 (МИА) - Со издавање на гаранција за задолжување на комуналното претпријатие за поставување на две фотонапонски централи, кои со електрична енергија ќе ги обезбедуваат општинските институции, јавните претпријатија и јавното осветлување, Струмица ќе биде енергетски независна.

Оваа одлука денеска ја донесе Советот на Општината со мнозинство гласови и прифати гаранција за задолжување во износ од 131 милиони денари кај домашна банка за рок од 10 години со грејс период од една година.

-Визионерство е да се користат обновливите извори на енергија и ние тоа во Струмица го правиме и таа ќе биде енергетски независна општина. Целта на поставувањето фотонапонските ценрали на ЈПКД „Комуналец“ не е да прави профит, туку да генерира заштеди и Општина Струмица да биде независна од берзата. За десет месеци Општината плати 147 милиони денари за потрошена електрична енергија и затоа не треба да има дилеми дали треба да се прифати овој проект, рече градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Фотонапонските централи ќе се подигнат на покривите на комуналното претпријатие и Пречистителната станица, која е еден од најголемите потрошувачи на електрична енергија.рт/цр

Фото: Општина Струмица

Остани поврзан