• петок, 08 ноември 2024

Со „Априлијада“ во Гевгелија одбележан Денот на шегата

Со „Априлијада“ во Гевгелија одбележан Денот на шегата
Гевгелија, 1 април 2022 (МИА) - По пауза од две години поради ковид пандемијата, најмладите гевгеличани денеска го одбележаа Денот на шегата со учество на традиционалната манифестација „Априлијада 2022“, што се одржа на шеталиштето во центарот на Гевгелија. Во костими на своите омилени јунаци од стриповите - облечени во бетмени, волшебници, кловнови, пеперутки и разни други имагинации, дечињата од детските градинки и двете основни училишта од Гевгелија продефилираа низ градското шеталиште. Пред насобраните граѓани, своите родители и претставници од локалната самоуправа, децата се претставија со изработените колективни и индивидуални маски кои во оваа прилика беа оценувани, а најдобрите пет од нив и наградени од жири комисијата. Организатор на манифестацијата беше Пионерскиот дом, под покровителство на Општина Гевгелија преку програмата за подршка на културни манифестации за 2022 година. им/фф/

Остани поврзан