• среда, 28 август 2024

Сојуз за Србија официјално прогласи бојкот на изборите на сите нивоа

Сојуз за Србија официјално прогласи бојкот на изборите на сите нивоа
Белград, 4 март 2020 (МИА) - Опозицискиот Сојуз за Србија прогласи денеска бојкот на изборите на 26 април на сите нивоа, веднаш откако беа распишани редовни парламентарни, покраински и локални избори. Лидерот на СзС, Зоран Лутовац изјави на прес-конференција дека опозицискиот блок повеќе од една година се бори за „слободни и чесни избори“, што, според негова оценка, било „игнорирано од власта, која водела кампања за лажни избори и создавала лажна опозиција“. - Бојкотот е големо НЕ за власта на Вучиќ, а големо ДА за нормална и уредена Србија, истакна Лутовац. На новинарско прашање каква ќе биде стратегијата на бојкотот, Лутовац одговори дека кампањата не значи неучествување, туку залагање за слободни избори Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска распиша редовни парламентарни избори за 26 април, а претседателката на Парламентот, Маја Гојковиќ распиша локални избори за истиот ден. гт/

Остани поврзан