• четврток, 26 декември 2024

Сојлу: САД стојат зад неуспешниот пучот од 2016 година во Турција

Сојлу: САД стојат зад неуспешниот пучот од 2016 година во Турција
Анкара, 4 февруари 2021 (МИА) - Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу денеска ги обвини САД дека стојат зад науспешниот воен удар од 2016 година во Турција, за кој Анкара го обвини муслиманскиот проповедник Фејтулах Ѓулен. Сојлу за турскиот весник Хуриет изјави дека САД се обиделе да управуваат со пучот, а мрежата на Ѓулен го изведуваше воениот удар, додека „Европа беше воодушевена по тој повод“. - Многу е јасно дека САД стојат зад 15 јули. ФЕТО го изврши по нивна наредба, посочи Сојлу. Вашингтон претходно негираше каква било вмешаност во неуспешниот воен удар. САД повеќепати ги одби барањата на Анкара за екстрадиција на Ѓулен со образложение дека нема веродостојни докази за негова вмешаност. И Ѓулен и неговата организација, за која Анкара ја користи кратенката ФЕТО, негираат вмешаност во неуспешниот воен удар од 15 јули 2016 година. ми/

Остани поврзан