Сочувство од УКЛО-Битола до семејствата на загинатите во пожарот во Кочани
- Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во Кочани и посакува брзо закрепнување на повредените.

Битола, 17 март 2025 (МИА) - Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во Кочани и посакува брзо закрепнување на повредените.
Во духот на солидарноста, како Универзитет што ја вреднува човечката солидарност, УКЛО ја нуди својата стручна поддршка преку своето Психолошко советувалиште за сите кои имаат потреба од помош во овие тешки моменти.
Во универзитетските единици на УКЛО-Битола поставени се книги на жалост каде студентите и наставниот кадар ги искажуваат своите мисли, чувства и загриженост од трагедијата во Кочани.
-Нема зборови за утеха на семествата на загинатите и повредените. Можеме само да се молиме заедно со нив, да молитвата биде посилна. Тагувам, но и се надевам дека 50+ загинати и 100+ повредени млади луѓе (сигурно многу од нив се студенти) ќе бидат доволна причина за конечно отрезнување и враќање кон ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ и посветеноста во извршувањето на работните задачи од страна на сите, напиша ректорот на УКЛО-Битола, Игор Неделковски. мт/дма/
Фото: МИА