• понеделник, 23 декември 2024

Сочувство од турското МНР за пожарот во Тетово

Сочувство од турското МНР за пожарот во Тетово
Скопје, 9 септември 2021 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Република Турција изразува сочувство до семејствата на починатите и им посакува поскоро закрепнување на повредените во пожарот во болницата во Тетово. -Со длабоко жалење дознавме за пожарот кој избувна во Ковид-19 центарот во состав на Државната болница во Тетово - Северна Македонија, каде според првичните сознанија 14 лица ги згубија своите животи, и има повеќе повредени. Изразуваме сочувство до семејствата на починатите и до Владата на Северна Македонија, и посакуваме поскоро закрепнување на повредените лица, се вели во известувањето од МНР на Република Турција. Во вчерашниот пожар во ковид – центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица. Во ковид – центарот за време на пожарот, како што информираат од Министерството за здравство, имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност. аа/вј/

Остани поврзан