• сабота, 23 ноември 2024

Социјалистичка партија: Ковачевски не ја познава земјоделската проблематика

Социјалистичка партија: Ковачевски не ја познава земјоделската проблематика

Скопје, 18 февруари 2024

Социјалистичка партија на Македонија ги проследи ткн.земјоделските тези на Ковачевски со кои лидерот на СДС се пофали со земјоделските ткн.успеси сведени на 30% авансно плаќање на субвенциите и зголемената зелена нафта.

Воедно, според Ковачевски, субвенциите завршувале кај наводно вистинските земјоделци, со што потврди дека не ја познава проблематиката за која што зборува и што во суштина е големата социјалдемократска лага за земјоделството. Случајно или не погрешно е информиран, затоа се пофали со работи од кои треба да се срами.
Со новиот начин на давање на субвенции, кои ги воведе Владата СДС/ДУИ, земјоделците за да ги добијат преостанатите 70% мораат да донесат потврда дека произвотството го предале во некој од откупните центри или да приложат изјави со кои се потврдува дека го продале производството на пазар или „од праг“.

На овој начин, голем број на замјоделци, особено помалите од руралните средини, чија што единствена егзистенција е земјоделското производство, ќе останат без преостанатите 70% од субвенциите.

Социјалистичката партија на Македонија потенцира дека ваквиот начин на субвенционирање е непознат за ЕУ, додека земјоделците бараат сигурен пласман, реални откупни цени и анализа на земјиштето. Наместо тоа добија начин на поткраднување и субвенционирање кој ќе ги остави без целосна исплата на субвенциите.

На Ковачевски, неговиот ресорен министер требало да му укаже дека земјоделското и сточарското производство од година во година опаѓаат. Мора да се знае дека во 2023 година државата извезла храна во вредност од 493 мил. евра, а увезла двојно повеќе или 973 мил.евра.

Тоа е вистинскиот ефект од катастрифалните замјоделски политики на СДС.

Социјалистичката партија на Македонија прашува дали ли се тие добри резултати од субвенционирањето со кои се фали СДС? 
Како СДС ја вршеше рапределбата на земјоделското земјиште?
Колку земјоделско земјиште е пренаменето во градежно и каде завршуваа поддршките за земјоделците по различни основи?
Како и за чии интереси се правени и прилагодувани мерките?
Дали има двојни исплати и каде завршуваа средствара од ЕУ фондовите?

На овие прашања СДС и Ковачевски им должат одговор на земјоделците.
Бившиот премиер кој се обиде преку измена на закон да овозможи градба на фотоволтаици на земјоделско земјиште, нема морално право да зборува за земјоделие. Оттаму раководството на СДС треба да е свесно дека наближува 8-ми мај, а со тоа наближува и времето кога ќе мора да понесе одговорност за погубните политики во сите сектори, а особено во ресорот земјоделство.

Социјалистичка партија

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

ФОТО: МИА

Остани поврзан