• четврток, 26 декември 2024

Состанок на Локалниот совет за превенција од Охрид посветен на ризиците од пожари

Состанок на Локалниот совет за превенција од Охрид посветен на ризиците од пожари

Охрид, 23 јули 2024 (МИА) – На иницијатива на СВР Охрид и локалната самоуправа во просториите на Ппштина Охрид, денеска состанок одржаа Локалниот совет за превенција и општинкиот Штаб за заштита и спасување.

Состанокот е свикан со цел да се изврши анализа на степенот на загрозеност на шумите од пожари во регионот, поефикасна превенција, рано предупредување и спречување пожари на отворен простор и во шумски предели, зајакнување на комуникациите и координацијата помеѓу надлежните субјекти што стопанисуваат и управуваат со шумите и други мерки за нивна поефикасна заштита од пожари.

Според изнесените податоци, на подрачјево не се регистрирани пожари од пошироки размери во шумските појаси, а според статистиката на претставниците на СВР Охрид во првата половина од 2024 година, пријавени се 20 пожари на отворен простор на нискостеблести предели -стрништа и ниви, случени во општините Охрид и Дебарца.

Тоа значи дека е зголемен бројот на пожари бидејќи споредбено со минатата 2023 година, на подрачјето на општина Охрид и Дебарца биле пријавени вкупно 20 пожари на отворен простор.

„Оттаму на денешниот состанок е одлучено да се интензивираат превентивните мерки и да се оформат посебни мобилни тимови составени од членови на надлежните служби кои, ќе вршат патролирање низ шумските појаси во Охрид и Дебрца, ќе се продолжи со мониторинг на теренот и континуирано следење на состојбите, ќе се интензивираат контактите со месните заедници и месното население, со ловните друштва“, се наведува во соопштението објавено по состанокот.

Акцент бил ставен на значењето на доброволните противпожарни друштва и нивното значење за првично сузбивање на шумскиот пожар се до доаѓањето на професионалната Територијална противпожарна единица како и на потребата од поголем обука и опременост на членовите на доброволните противпожарните друштва кои ги има на подрачјето.

На состанокот е заклучено дека е потребно вклучување на сите расположливи капацитети и опрема што може наменски да се користат за контрола, превентива и заштита на шумите од пожари, како и да одговори на потребите во случаи на локализирање на евентуално настанат пожар од поголем обем.

Денешниот состанок на Локалниот совет за превенција доаѓа поради зачестените регистрирани пожари на подрачјето во кои е опожарена нискостеблеста вегетација, депонии, стрништа.

Претставниците на надлежните субјекти апелираат до граѓаните, посебно до земјоделците и другите лица кои работат или се движат на отворен простор, да не палат огнови од кои лесно и брзо може да избувнат пожари од големи размери и да предизвикаат значителна имотна и материјална штета.

Од СВР – Охрид дополнително посочуваат на казнените законски одредби и потсетуваат дека предизвикувањето пожар, намерно или од невнимание, претставува кривично дело за кое се предвидени соодветни пријави и казни.

На состанокот уште е решено да се спроведат активности за што подобро информирање на населението за актуелните препораки за заштита од пожари.

Инаку, на средбата уште присуствуваа и претставници на Регионалниот центар за гранични работи – Запад, Територијалната противпожарна единица Охрид, НП „Галичица“, ЈП „Национални шуми“- подружница „Галичица“, претставници на Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, претставници на Шумската полиција, на Црвениот крст, Планинската спасителна служба и на Здравствен дом Охрид. аб/нд/

Фото: СВР Охрид

Остани поврзан