• понеделник, 23 декември 2024

Состанок во Министерството за здравство за проширување на Позитивната листа со иновативни лекови

Состанок во Министерството за здравство за проширување на Позитивната листа со иновативни лекови

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Во просториите на Министерството за здравство бил одржан состанок за можностите да се прошири Позитивната листа со иновативни лекови. На состанокот присуствувале министерот за здравство Арбен Таравари, директорот на Фондот за здравствено осигурување Александар Клековски, претставници на „Фармабренд - нова“ - асоцијација на иновативни фармацевтски производители, Американската стопанска комора, како и на Комисијата за позитивна листа на лекови.

- Посебен акцент беше ставен на профункционирањето на „посебните договори“ како ефикасна алатка за намалување на цените на иновативните лекови, со што би се овозможила поголема достапност на овие лекови за потребите на пациентите. Сите присутни од свој аспект ги искажаа своите мислења и ставови по однос на распсположливите средства на институтциите, но, заеднички заклучок беше дека промени треба да има и тие промени треба да се во интерес на пациентите, информира Министерството за здравство во објава на Фејсбук. бд/бак/

Фото: Министерство за здравство

Остани поврзан