• понеделник, 23 декември 2024

Соработник на руската Федерална служба за безбедност екстрадиран од Естонија во САД 

Соработник на руската Федерална служба за безбедност екстрадиран од Естонија во САД 

Вашингтон, 14 јули 2023 (МИА) - Соработник на руската Федерална служба за безбедност е екстрадиран од Естонија во САД, соопшти денеска американското Министерство за правда. 

Се работи за рускиот државјанин Вадим Коношчјонок. САД го осомничат него и уште четворица Руси и двајца Американци за нелегална трговија со уреди од американско производство, вклучително и електроника со двојна примена, како и муниција, што се ставени под експротна регулација. 

Оваа опрема е ставена во санкциита на САД према Русија за забрана за испорака на уреди со двојна намена, а поради инвазијата на Москва на Украина.

Коношчјонок бил уапсен во Естонија лани во декември. Како што стои во обвинението, тој се обидел да испорача во Русија 35 типови полупроводиници и електронски делови. За снабдувањето, Русинот земал исплата од 10 отсто од вредноста на опремата. 

Сите обвинети биле поврзани со две компании од Москва кои според американските власти, се контролирани од руските тајни служби. кб/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан