Сопственици на кафулиња бараат смена на гувернерот на Тексас
- Група сопственици на кафулиња во Тексас покренаа судска постапка и барање за смена на гувернерот Грег Абот, поради неговата наредба да се затворат деловните објекти кои „придонесуваат за шир

Остин, 30 јуни 2020 (МИА) - Група сопственици на кафулиња во Тексас покренаа судска постапка и барање за смена на гувернерот Грег Абот, поради неговата наредба да се затворат деловните објекти кои „придонесуваат за ширење на коронавирусот“.
Абот минатиот месец изјави дека кафулињата и баровите се извор на инфекцијата и драматично зголемување на бројот на луѓе кои се заразени со Ковид-19.
Во тужбата се наведува дека Абот нема овластување загарантирано со Уставот на Тексас да издава вакви наредби и дека тој побарал да бидат затворени кафулињата, но не и некои други деловни објекти како што се фризерски салони, салони за убавина и за тетоважи.
Абот побара да бидат затворени сите објекти кои заработуваат најмалку 51 процент од продажбата на алкохол, како и намалување на капацитетите на рестораните од 75 на 50 проценти. паг/