Сопругата на поранешниот емир на Катар, во истиот скапоцен „Прада“ фустан
- Фустанот е изработен по нарачка од италијанската модна куќа и беше инспириран од нејзината колекција пролет-лето 2007 година. Бордо фустанот го спои со марама во истата нијанса.

Доха, 22 ноември 2022 (МИА) - Моза бинт Насер, сопругата на поранешниот емир на Катар, шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани, на отворањето на Светското првенство во фудбал облече бордо фустан стар 12 години, и тоа со посебна симболика.
