• среда, 20 ноември 2024

Соопштение од ВМРО-НП за цената на нафтата

Соопштение од ВМРО-НП за цената на нафтата
Скопје, 9 март 2022  ВМРО-Народна партија сака да ја потсети македонската јавност дека, уште пред година и половина кога цените на барел – нафта паднаа на 17 долари, јавно повика Македонија да купи по цена од неколку стотинa милиони долари нафта за своите државни резерви. Во исто време тогаш укажувавме на одличниот момент и повикавме Народната банка да купи повеќе злато за поткрепа на државните резерви. Денеска кога цените на златото, а особено и на нафтата достигнаа досега невидени височини ја потсетуваме македонската јавност дека некои политички партии се уште стратешки размислуваат за македонската држава, а патриотизмот го поткрепуваат врз основа на знаење, а не врз база на пароли. Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан