• среда, 25 декември 2024

Соопштение од Бошњачки демократски сојуз по повод 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Соопштение од Бошњачки демократски сојуз по повод 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

26 јули 2023 

Претседателот на Бошњачки демократски сојуз и кандидатот за градоначалник на градот Скопје на последните локални избори, по повод 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, се обрати до граѓаните со порака во која истакна дека на денешен ден се случи катастрофален земјотрес во Скопје во кој загинаа повеќе од 1000 граѓани, а повеќе од 2000 граѓани беа повредени.
Земјотресот практично го претвори Скопје во урнатини, но благодарение на помошта која пристигна од поранешните југословенски републики и од голем број на земји во светот нашиот град брзо се обнови и изгради.
Важно е да се каже дека од тогаш Скопје стана симбол на светската солидарност и дека и денес е отворен град за сите луѓе.
Граѓаните на Скопје се сеќаваат на овој трагичен настан кој претставува и пресвртница на развојот на градот благодарение на регионалната и светската солидарнот.
Во изминатите 60 години, градоначалниците на градот Скопје дадоа свој придонес во развојот на нашиот град.

Бошњачки демократски сојуз

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Бошњачки демократски сојуз

Остани поврзан