Сообраќајот се одвива тековно во зимски услови, наместа со остаоци од кашест снег
- Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по влажни коловози додека наместа и со остатоци од кашест снег на коловозот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.
Скопје, 21 декември 2024 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по влажни коловози додека наместа и со остатоци од кашест снег на коловозот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.
Од АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба и оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. аа/
Фото: МИА архива