• недела, 01 февруари 2026

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

Сообраќајот  се одвива по наместа влажни коловози

Скопје, 31 јануари 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Сите патни правци во државата се проодни.

Автомотосојузот на Македонија соопшти дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, информира АМСМ. хс/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан