• петок, 05 декември 2025

Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози

Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози

Скопје, 16 мај 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози,  соопшти утрово АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

-Мостот на река Вардар на регионалниот пат кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај. Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17 април 2025 година е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона, информира АМСМ. дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан