Сообраќајот се одвива непречено, на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони
- Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по местимично влажни коловози.

Скопје, 20 ноември 2024 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по местимично влажни коловози. Сите патни правци во државата се проодни.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи, соопштија денеска од ЈП Македонија пат, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. цр/дма/
Фото: МИА архива