• понеделник, 16 декември 2024

Сообраќајот по наместа влажни коловози

Сообраќајот по наместа влажни коловози

Скопје, 7 март 2024 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по наместа влажни коловози, соопшти попладнево АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. дма/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан