• среда, 02 октомври 2024

Сообраќајот по наместа влажни коловози, снег на Попова Шапка

Сообраќајот по наместа влажни коловози, снег на Попова Шапка

Скопје, 4 март 2023 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка кој во моментов не се задржува на коловозот, информираат утрово од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. дма/сст/

 

Фото:МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан