• среда, 27 ноември 2024

Сообраќајот по влажни коловози, се препорачува прилагодена брзина на движење

Сообраќајот по влажни коловози, се препорачува прилагодена брзина на движење
Скопје, 29 јануари 2022 (МИА) - Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомото сојузот. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. рп/вј/

Остани поврзан