Сообраќајот на магистралата А3 кај Делчево се одвива наизменично за сите видови возила
- Сообраќајот на патниот правец А3 Македонска Каменица – Делчево од утрово се одвива наизменично, по една коловозна лента за сите видови на возила, информираа од Македонија Пат и АМСМ.
Делчево, 12 јуни 2023 (МИА) - Сообраќајот на патниот правец А3 Македонска Каменица – Делчево од утрово се одвива наизменично, по една коловозна лента за сите видови на возила, информираа од Македонија Пат и АМСМ.
По претходно санирање на штетите на патот од невремето во Делчево, утрово патот е приспособен и пуштен за сообраќај за сите видови возила.
Како што истакнаа од подружницата на Македонија Пат, санацијата продолжува и наредните денови со цел целосно нормализираее на сообраќајот на магистралата А3 кај Делчево. вс/цр
Фото: МИА