Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места има мали остатоци од кашест снег
- Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, соопшти ЈП „Македонијапат“ во пладневниот извештај.
Скопје, 1 февруари 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, соопшти ЈП „Македонијапат“ во пладневниот извештај.
Врнежи од снег има во Крушево, на Попова Шапка и во Маврово и на планинските превои Стража, Пресека, Буково и Ѓавато.
Од 9.20 часот поради врнежи од снег е воведена забрана за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец крак Шипковица - Попова Шапка.Од 9.40 часот е воведена забрана за камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево во двата правца. Од 5.45 часот поради врнежи од снег забранет е сообраќајот за камиони на патниот правец крак Маврово – Дебар.
-На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони, информира ЈП „Македонијапат“ и апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Фото: МИА архива