Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
- Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, соопшти Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.
Скопје, 16 март 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, соопшти Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.
Сите патни правци во државата се проодни, а на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. ац/
Фото: МИА архива