Поради врнежи од снег забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар и на магистралниот пат Гостивар-Кичево
- Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено, иако коловозите се влажни поради зимските услови. Во Западна Македонија провејува слаб снег, додека во останатите делови од земјата врне дожд.
Скопје, 30 ноември 2024 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено, иако коловозите се влажни поради зимските услови. Од 12:20 часот има забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар и магистралниот пат Гостивар-Кичево поради врнежи од снег.
АМСМ информира дека е нормализиран сообраќајот на излез од Гостивар кон Стража и дека сообраќајот кон Пониква и кон село Бели се одвива непречено, по една коловозна лента.
Интензитетот на сообраќај е умерен и без задржувања на граничните премин. Умерен е и на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Особено внимателно управување со возилата се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Граѓаните најавуваат дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови возила од 15 ноември. ар/ев/
Фото:МИА архива