Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози
- Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Скопје, 14 јануарти 2024 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци, соопштија од ЈП Македонија пат, можна е појава на поситни одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од ЈП Македонија пат апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП Македонија пат, стои во соопштението, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. цр/
Фото: МИА архива