• петок, 26 јули 2024

Сообраќајна несреќа кај Росоман 

Сообраќајна несреќа кај Росоман 

Росоман, 21 мај 2024 (МИА) - Сообраќајна несреќа се случила утрово кај Росоман, помеѓу патничко и товарно моторно возило, информираа од СВР Велес.

- Во 07.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека кај клучка Росоман се случила сообраќајна незгода, помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Скопје и товарно возило „ивеко“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.З.(59) од Прилеп. Во незгодата, возачот на патничкото возило се здобил со телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци, појаснија од СВР Велес. 

Оттаму рекоа дека увидот е во тек, а  сообраќајот се одвива нормално и без застој. свд/дма/

Остани поврзан