• среда, 27 ноември 2024

Сон се врати во Тотенхем по отслужувањето на воениот рок

Сон се врати во Тотенхем по отслужувањето на воениот рок
Лондон, 20 мај 2020 (МИА) - Напаѓачот на Тотенхем, Сон Хеунг-мин пристигна во базата на Тотенхем, соопшти прес-службата на лондонскиот  клуб. Дваесет и седумгодишниот фудбалер претходно три недели беше подложен на воен тренинг во татковината Јужна Кореја. - Погледнете кој се врати! - напишано е на официјалниот Твитер на Тотенхем. Во сезоната 2019/20, Сон настапи на 32 натпревари за Спарс, постигна 16 гола и направи осум асистенции. зс/

Остани поврзан