• недела, 06 октомври 2024

Сончево со мала до умерена облачност и умерен северен ветер кој на повисоките места ќе биде повремено засилен

Сончево со мала до умерена облачност и умерен северен ветер кој на повисоките места ќе биде повремено засилен
Скопје, 31 март 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен. Во Скопје  сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 18 степени. Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време и со услови за појава на слаб локален дожд и со сончеви периоди кои ќе бидат почести во среда и четврток. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер кој во средината на денот ќе засилува. До петок температурите ќе бидат во пораст, а за време на викендот ќе биде малку посвежо и врнежливо.
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан