Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер
- Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Скопје, 22 јули 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 32 степена.
Следува период на стабилно време. До сабота дневните температури ќе бидат најмногу до 35 степени, а потоа брзо ќе се покачуваат.