Сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец
- Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Скопје, 4 јуни 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде и сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 27 степени.
Во сабота времето ќе биде стабилно, сончево и топло. Во недела во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Од понеделник се очекува променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.