• недела, 24 август 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сончево и топло со локална облачност

Сончево и топло со локална облачност

Скопје, 14 август 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во северозападните планински региони ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени Целзиусови.

Според најавите од УХМР, и во следните денови ќе преовладува сончево и топло време со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во почетокот на новата седмица.вј/мч/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан