Сончево и топло, попладне нестабилно
- Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност.

Скопје, 1 јуни 2024 (МИА) - Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме, соопштуваат од УХМР.
Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени. UV=7
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Максималната температура ќе достигне 31 степен. ир/ев
Фото: МИА архива