Солистички концерт на пијанистот Арда Мустафаоглу
- Во Салон 19,19 во Културно-информативниот центар-Скопје вечер солистички концерт ќе има пијанистот Арда Мустафоглу.
Скопје, 6 октомври 2025 (МИА) - Во Салон 19,19 во Културно-информативниот центар-Скопје вечер солистички концерт ќе има пијанистот Арда Мустафоглу.
Како што соопшти КИЦ, тој ќе настапи со концертна програма што спојува различни музички епохи.
-Публиката ќе има можност да слушне неколку сонати од композиторот Доменико Скарлати, како и една од најимпозантните творби на Лудвиг ван Бетовен – Сонатата „Апасионата“, информира КИЦ.
На концертот ќе му се придружи и виолинистот Јаков Ангелов, со кого Мустафоглу ќе ја изведе композицијата „Чакона“ од Томазо Витали. хс/мд/
Фото: Културно-информативен центар-Скопје