• сабота, 21 декември 2024

Советот на Тетово одобри ценовник за автобускиот превоз, но потребни се уште процедури за да профункционира

Советот на Тетово одобри ценовник за автобускиот превоз, но потребни се уште процедури за да профункционира

Тетово, 28 јануари 2021 (МИА) - На денешната 39-та седница на Советот на Општина Тетово јавното претријатие „Тетово транспорт“ доби согласност за утврдување на цените за градскиот превоз, техничко-административните процедури се уште ќе траат за да почне да функционира превозот на патници. На наредна седница треба да се усвојува планот за работа, вработувања, буџет и слично.

-Буџетот не може да се предвиди ако ценовникот не е усвоен и не е официјален. Денесе се усвои ценовникот па сега продолжуваат технички и административни процедури со законски рокови кои треба да се почитуваат па потоа треба реализација. Исто така до функционирање на ЈП со одлука на Совет Општината треба да ни ги предаде автобусите за користење па да добијат лиценца и потоа да пријдеме на оперативност, изјави Фејсал Беадини, в.д директор на претријатието.

Советниците од опозицијата имаа забелешки околу цените и зошто нема поевтини билети за социјалните случаи.

-Нашата реакција е дека студентите дека треба да бидат приоритет како и да има категорија за семејствата кои имаат не повеќе од 250/300 евра приходи месечно. Сега вработените во општина Тетово имаат 450 денари месечен билет, а студентите плаќаат 600. Сакавме да најдеме некој јазик заеднички, да се тргне точката, но мнозинството не прифати, рече Бесар Дурмиши од Беса.

-Имаше проблем со постојките, не гласавме тогаш, па сега ги има со цена голема несфатливо.  Мислам дека треба да се внимава со ова, не се работи професионално. Мора да се ревидира околу возен ред бидејќи нема соодветна сообраќајна инфраструктура и слуично, рече советникот Ариф Селами.

В.д директорот истакна дека технички работи се уште се формулираат со општина Тетово.  

-Ќе има акциски план заедно со СВР Тетово, Секторот за комунални дејности, ЈП Градски паркинг за да пред да почне функционирањето да пријдеме на едукација и контрола на терен за да кога ќе почнат да фунцкионираат да нема проблеми како што ги има градот, истакна Беадини.

Билет за едно возење во градскиот превоз ќе чини 20 денари.  Има и месечни и билети согласно категории. Основен месечен билет е 900 денари, додека за студентите и јавни службеници е 600 денари. За пензионери и лица со помал инвалидитет е 350 денари, додека 450 денари за вработени во Општината. Бесплатен ќе биде превозот за лица со над 80 отсто инвалидитет. ас/нд/

Остани поврзан