Советот на Општина Струга го донесе буџетот за идната година
- Со 16 гласа „за“ и 11 „против“ Советот на Општина Струга на денешната седница го донесе буџетот за 2024 година во износ од 1.279.677 денари.
Струга, 29 декември 2023 (МИА) - Со 16 гласа „за“ и 11 „против“ Советот на Општина Струга на денешната седница го донесе буџетот за 2024 година во износ од 1.279.677 денари.
За советниците на ВМРО - ДПМНЕ, буџетот е неразвоен и нема да овозможи подобрување во животот на стружани.
- За жал, за тоа што треба да биде главен фокус во Буџетот од трошковната страна, а тоа се капитални проекти, во новиот буџет е предвидено да се намалат за 67 милиони денари во однос на претходната година. Приходната страна е преоптимистички планирана, истакна координаторот на советничката група на ВМРО - ДПМНЕ Ален Деребан. сс/цр
Фото: МИА