• вторник, 12 ноември 2024

Советот на општина Куманово донесе одлука за збратимување со Гњилане

Советот на општина Куманово донесе одлука за збратимување со Гњилане
Куманово, 28 октомври 2020 (МИА) - Советот на Општина Куманово денеска донесе одлука за збратимување на општините Куманово и Гњилане, со цел да се продлабочи веќе постоечката долгогодишна соработка на двете локални самоуправи. Куманово и Гњилане соработуваат со години наназад на повеќе проекти, користејќи средства од европски фондови за прекугранична соработка. Советникот од ДУИ, Фериз Дервиши, рече дека иницијативата потекнува од 2003 година, а соработката е остварена на повеќе полиња. - Сакам да изразам задоволство, бидејќи со години тема на дискусија беше токму збратимувањето на Куманово со Општина Гњилане, оваа инцијатива е од 2003-та година, ја продолжија соработката во сите сфери, културна, спортска, и реализиравме заеднички проекти кои не се со мала вредност и еве сега дојде моментот да дојде до израз политичката и општа подготвеност сета оваа соработка која постоела да се круниса со таква одлука овие две општини да се збратимат. Изразувам задоволство и кажувам дека советничката група на ДУИ ќе ја поддржи и ќе гласа за оваа одлука, рече Дервиши. Одлуката беше донесена едногласно. Лани, двете општини реализираа проект за реконструкција на зелените пазари и поддршка на производителите на земјоделски продукти, годинава соработуваат на два проекти „Зајакнување на вредности на културно и природно наследство во општините“ и „Оджливи еколошки и здравствени придобивки од прекуграничната област“. Куманово преку овие два проекти ќе добие уреден простор околу Спомен Костурницата и ќе инвестира во подзмена инфраструктура. ам/мс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан